Бастијан Швајнштајгер го обвини Пеп Гвардиола за падот на германскиот фудбал
Во неодамнешно интервју, Бастијан Швајнштајгер зборесе за проблемите во кои се наоѓа германската репрезентација и го обвинува Пеп Гвардиола поради неговиот стил на игра
Како што кажува Швајнштајгер, откако дошол Гвардиола во Баерн Минхен, сите верувале дека неговиот стил на игра е правиот.
“Германија се наоѓа во многу незавидна ситуација” кажа тој.
“Гвардиола им се придружи во Минхен откако дојде во Германија и сите почнаа да веруваат дека неговиот стил со кратки додавања е начинот на кој треба да се игра фудбал”
“Си ги изгубивме вредности. Сите ја гледаа Германија како репрезентација која што секогаш се бори, која непрекинато трча. Тие предности се загубија во последните осум години. Сега сме тим кој што пробува да поврзе “убави” додавања” – изјави Бастијан Швајнштајгер