Спорт

Беше тренер на Звезда и Партизан, па брутално беше убиен во Африка! Најголемата мистерија на српскиот фудбал никогаш не е решена

Поранешниот тренер на Црвена Звезда и Партизан, Гојко Зец, беше убиен пред точно 29 години во Ангола под неразјаснети околности, а неговата смрт останува една од најголемите мистерии на српскиот фудбал до денес.

Во текот на седумдесеттите, осумдесеттите и деведесеттите години, Гојко Зец беше еден од најпознатите српски тренери. Тренерската кариера ја започна во ОФК Београд, го предводел Партизан, но се прославил на клупата на Црвена Звезда со која освоил две титули во југословенското првенство и еден национален куп.

Речиси две и пол децении многу успешно работел во поранешната држава, како и во Грција и Африка, додека на 3 ноември 1995 година од Ангола пристигна страшна вест – дека е убиен!

За време на неговиот мандат во локалниот клуб Петро Атлетико, непознати криминалци упаднале во хотел во Луанда, главниот град на Ангола и го задушиле со шал. До денес не е разјаснето кои се сторителите на страшното злосторство, ниту мотивот за убиството, но во средината на деведесеттите се претпоставуваше дека Зец едноставно бил на погрешно место во погрешно време.

Во тие години во оваа африканска земја беснееше граѓанска војна. Како што тогаш објавија медиумите, Зец бил задушен со шал во хотелската соба каде што живеел, а истрагата никогаш не довела до сторителите и мотивот. Така, речиси три децении подоцна, ова убиство остана нерешено и обвиено со мистерија.

Освен на ОФК Београд, Партизан и Црвена Звезда, Зец бил тренер и на Борец од Бања Лука, Војводина, Риека, Будуќност од Подгорица, Арис од Солун, Ал Ахли и Спартак од Суботица. Во еден период бил и член на стручниот штаб на југословенската репрезентација, а тренирал асови како Драган Џајиќ, Иван Ќурковиќ, Слободан Сантрач, Ненад Бјековиќ, Момчило Вукотиќ, Зоран Филиповиќ, Душан Савиќ, Владимир Драгош Пижон. Степановиќ и многу други …