Спорт

(ВИДЕО) Истиот тим, истиот дрес, два различни менталитети, два различни света

Фудбалерите на Челзи изгубија од Манчестер Сити со 1-0 во полуфиналето од ФА купот, но тој пораз не го доживеаја исто сите членови на тимот.

Тијаго Силва, ѕвезда на тимот и најискусен фудбалер, веројатно го одигра својот последен натпревар на Вембли, со оглед на тоа дека по крајот на оваа сезона би можел да стави крај на кариерата.

Бразилецот по поразот од Сити плачеше на теренот, беше очигледно дека му е многу тешко, но на навивачите во око им влегол друг фудбалер на Челзи.

Станува збор за Нони Мадуеке, кој во игра бил 79 минути, а после натпреварот се смеел со Џек Грилиш.

Тоа на навивачите на Челзи многу им пречело, па многумина на таквиот однос гледаат како најголем проблем моментално во клубот.

Инаку, Сити во финалето на ФА купот ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Ковентри.