(ВИДЕО) Како Лука Дончиќ заврши во Реал Мадрид: „Па детево не е баш, ние бараме нешто посебно“
Главна ѕвезда на оваа приказна, покрај Лука Дончиќ, е Мирко Миличевиќ. Тој работел со Лука од младите години на Словенецот, а станува збор за поранешен професионален кошаркар со турски и со српски пасош.
„Јас со Лука почнав да работам кога имаше 13 и 8 месеци. Прв пат се видовме во Истанбул. Тогаш тренер на Галатасарај беше Октај Махмути. Му се јавив на Октај и му кажав дека има интересно дете“, ја започнува приказната Мирко.
“Ни пратија карти за Лука и татко му. Доаѓаме таму, јас после 20 минути знаев гледање разбрав се. Тоа беше дете кое игра машка кошарка. Ги гледаш Турците, го гледаш Лука…тоа беше голема разлика уште тогаш. Во сфаќањето на кошарката, во размислувањето, во продорот, во шутот, се беше координирано”, вели стратегот.
Тој вели дека по 20 минути видел доволно и му кажал на Саша Дончиќ дека неговиот син оди во Реал Мадрид.
„После три дена се разделивме, а по неколку дена им се јавив на луѓево Галатасарај. Ми рекоа: Види, тоа не е ништо специјално, нам ни треба нешто посебно“, продолжува Миличевиќ.
Потоа му се јавил на Алберто Херерос, директор на Реал Мадрид:
„Слушај Алберто, имам нешто…не си видел ни ти ни јас! Ми вели прати ми снимки, јас му велам немам снимки, ама имаш пола саат да не ми се јави директорот на Барселона. Ми се јавува после половина час, ми вика прати ми само копија од пасошот“, вели српскиот тренер.
После неколку недели, му се јавиле челните луѓе на Реал Мадрид и му рекле: “Мајко мила, што е ова?!”.