(Видео) НБА кошаркарот банкротирал од коцка: „Не можеш да ги потрошиш тие пари на излегување, на забава, дома…само на коцка“
На поткастот “Јао Миле” гостин беше хрватскиот кошаркарски тренер Бруно Шундов.
„Единствен начин да ги потрошиш тие пари е коцка. Ентоан Вокер банкротираше. Јас бев со него неколку пати во Вегас, во тие казина. Мртов гладен, тој доаѓа, и отвора кредит од 500.000 долари. Оди и се коцка со нив“, вели Шундов па продолжува:
„Добива чипови 5.000, 10.000, 25.000. Знаеш ние земаме по долар, ќе изгубиш 100, си викаш не играм веќе. Тој пред мене, ни вика дојди да видиш, се фали и става пола милион долар. Со тие пари можеш да купиш 3-4 станови, куќа да купиш. Тој игра со нив. Нема друг начин, не можеш да ги потрошиш тие пари! На излегување, на забава, не можеш. Но на коцка можеш. Тој таа вечер изгуби 200-300 илјади“.