Спорт

(Видео) Тренерот на Лече му удри глава на играч на Верона

Тренерот на Лече Роберто Даверса по натпреварот со глава го удри напаѓачот на Верона, Томас Анри.

Верона во 28-то коло од Серија А го совлада Лече со 1-0 во гости.

Сепак, резултатот од дуелот нема да биде во прв план, но ќе остане запаметен по случувањата по завршувањето на натпреварот.

Даверса крајно непримерно по судискиот свиреж му пријде на напаѓачот на Вероа Томас Анри и го удри со глава по што Французинот падна на земја.

Одлуката за тренерот на Лече се уште се чека, а изгледа дека ќе добие сериозна казна за овој потег.