(Видео/Фото) Хаос на турските фудбалски терени! Фановите на Трабзонспор бесни истрчаа на терен!
Домашните навивачи збеснаа откако го изгбуија натпреварот 2-3 во 87ма минута!
Изјава на претседателот на ФИФА Џани Инфантино по инцидентите во Турција во текот на викендот:
„Насилството забележано по натпреварот од турската Супер лига меѓу Трабзонспор и Фенербахче е апсолутно неприфатливо – на теренот или надвор од теренот, тоа нема место во нашиот спорт или општество.
„Сум кажал и порано, и ќе го кажам повторно – без исклучок, во фудбалот, сите играчи треба да бидат безбедни и сигурни за да ја играат играта која носи таква радост на толку многу луѓе ширум светот.
„Ги повикувам релевантните власти да обезбедат тоа да се почитува на сите нивоа и сторителите на шокантните настани во Трабзон да одговараат за своите постапки.