Спорт

Ги остави сопругата и двете деца! Повеќе не е херој на Аргентина: Се раздели од семејството и го навлече гневот на навивачите!

Реакцијата на фудбалерот кој беше платен 121 милион евра од Челзи ја разбесни јавноста.

Енцо Фернандез беше една од ѕвездите на фудбалската репрезентација на Аргентина на Светското првенство во Катар во 2022 година, кога „гаучосите“ по четврти пат во историјата ја освоија титулата светски шампиони.

Одличните игри на Светското првенство му донесоа на Енцо Фернандез (23) голем трансфер во Челзи и милионска плата. Клубот од Лондон за неговиот потпис на Бенфика и плати неверојатни 121.000.000 евра, а Аргентинецот се обврза на деветгодишна верност до 2032 година. Енцо Фернандез по сезона во Челзи добива нешто помалку од 14,4 милиони евра.

Сепак, Енцо Фернандез не игра на нивото што се очекува од него. Иако стартуваше со капитенската лента околу раката, тренерот Енцо Мареска повеќе не му верува, па често го става на клупата за резерви. Причината за слабите игри може да се бара во проблемите надвор од теренот, откако Енцо Фернандез реши да се разведе од сопругата Валентина Сервантес.

Енцо и Валентина се заљубиле кога биле деца, во основно училиште. Нивната љубов процвета, а тие се венчаа кога и двајцата имаа 19 години. Тие имале среќен брак во кој се родиле две деца, четиригодишната ќерка Оливија и едногодишниот син Бенџамин.

Сопругата на Енцо, Валентина Сервантес, првa ја сподели веста за разделбата на социјалните мрежи:

– Се оддалечив од Енцо, но секогаш ќе бидеме семејство и ќе се поддржуваме во се. Имаме две деца и секогаш ќе им треба многу од нашата љубов. Знам каков човек е Енцо и колку е одличен. Какво срце има. И тоа ми е доволно. Не сакам да создавам војни таму каде што ги нема.

Пораката на Валентина сугерираше пријателски крај на долгогодишната врска со Енцо. Сепак, аргентинската новинарка Џулиета Аргенте дава дијаметрално спротивен став на целата ситуација.

– И кажа дека сака да живее сам! Сè уште се семејство, но Енцо чувствува потреба да доживее фаза, да живее слободно. Сето она што го прескокна во животот како млад човек, кога рано избра да основа семејство – откри новинарката.

https://www.instagram.com/p/C8QP3bKt3uK/?utm_source=ig_embed&ig_rid=bcb78c69-0951-4265-81a8-8574539323c0&img_index=1

Оваа реакција на Енцо Фернандез да ги остави жената и децата предизвика остра реакција кај јавноста во Аргентина, но и во Велика Британија. Дури и навивачите на Челзи се револтирани од одлуката на младиот Аргентинец. А, што се однесува до фудбалот, Енцо Фернандез оваа сезона одигра 13 натпревари за Челзи и досега нема постигнато ниту еден гол, а забележа една асистенција за време на квалификациите за конференциската лига.

Повеќе од 1,8 милиони луѓе ја следат Валентина Сервантес на Инстаграм. Студирала англиски јазик во Аргентина, со желба да стане професор и да предава во училиште. Поради Енцо ги напуштила студиите и се посветила на семејството. Тој промовира неколку познати брендови на социјалните мрежи и на тој начин заработува пристојни пари.