ПопуларноСпорт

Дани Алвес излезе од затвор: Пречекан со скандирање

Дани Алвеc е ослободен од затвор откако платил обврзница од 1 милион евра. Тој ќе ја чека конечната пресуда на слобода.

Судот до сега не му дозволуваше на Алвес да излезе на слобода бидејќи имало шанса да избега од државата. Но во последното гласање претходната недела, двајца од трите судии гласале во полза на Дани Алвес па поради тоа тој може да ја чека пресудата на слобода.

На ова апелираше државното обвинителство во Барселона коишто сакаа да остане во затвор додека ја чека пресудата, тврдејќи дека шансите да пребега во Бразил се многу поголеми откако беше пронајден за виновен во случајот.

Но обвинителите изјавија дека Бразил не врши екстрадиција на граѓани додека се осудени во други земји.

Дани е осуден на 4 години и 6 месеци во затвор за силување на девојка во ноќен клуб.