ПопуларноСпорт

Двократна олимписка шампионка се појави на натпревар и ги маѓепса играчите

Во светот на гимнастиката сите сме слушнале за Симон Бајлс, која изминативе неколку години, и пред и по паузата, се закити со големи успеси. Овој спорт, кој кај нас не е премногу популарен, е еден од најзастапените во најголемите земји во светот – особено кај женската популација. Таму натпреварувачките често се и вистински ѕвезди, па така се појавуваат и на големи настани – како Саниса (Сани) Ли (22).

Американската гимнастичарка Сани Ли ноќта меѓу недела и понеделник присуствуваше на натпреварот од НБА лигата помеѓу Њујорк Никс и Феникс Санс (112:98). Во еден момент камерата ја фати, па таа ѝ испрати широк поздрав, директно во објективот.

https://twitter.com/portalsunisabr/status/1864338458107433247

Некои од кошаркарите го вперија погледот кон екранот над теренот – и со право, бидејќи згодната гимнастичарка делумно го украде шоуто на натпревар кој во второто полувреме не понуди премногу возбудувања.

Сани Ли е инаку двојна освојувачка на златен олимписки медал, прво на Олимписките игри во Токио 2021, а потоа и во тимското злато на Игрите во Париз.

Освен тоа, во Токио освои и едно сребро и една бронза, додека во Париз додаде две бронзи. Таа е и светска шампионка, како и добитничка на злато и сребро на колеџ натпреварувања во САД.

Изминативе години се соочи со сериозни здравствени проблеми со бубрезите, но и покрај тоа успеа да истрае – и денес привлекува внимание дури и вон гимнастичката арена.