Доживотна казна за нашиот екс пливач, Маленко!
Секоја година, агенцијата за пливачки интегритет објавува список на казнети лица во спортот на пливањето. Оваа година, на 26 Јануари, кога беше пуштен списокот, за жал на него се најде македонскиот рекордер и поранешен претседател на Македонската пливачка федерација.
Во нивното соопштение, тие ја потврдија одлуката донесена од Дисциплинската комисија на пливачката федерација на Македонија.
Покрај долгогодишните компликации во пливачката федерација, Маленко беше и вмешан и во скандал со Македонскиот олимписки комитет пред Летните Олимписки Игри во Токио 2021 година.
Имено, Маленко тогаш, не ги пријави пливачите кои што имаа најдобри резултати, туку пријави пливачи на кои бил он тренер во минатото. Но потоа интервенираше МОК и во Токио ги прати пливачите кои што имаа најдобри резултати.
Како што гледаме во извештајот, казната е сеопфатна и му забранува на Маленко било каков пристап до натпреварувачко пливање.