Спорт

За прв пат во историја НФЛ ке допатува во Шпанија за натпревар

Првиот НФЛ натпревар во историјат на Шпанија ќе се одигра во 2025 година на Сантиаго Бернабе

Американската НФЛ лига веќе подолго време се шири надвор од границите на Америка, но за прв пат ќе патува во Шпанија којашто ќе биде седмата држава во којашто имало натпревар од НФЛ.

Питер О Рајли, заменик извршен директор на НФЛ лигата изјави „Денес сме горди да ви кажеме дека во 2025 година, нфл лигата за прв пат ќе дојде во Шпанија, во срцето на Мадрид, во колаборација со Реал Мадрид, на иконскиот стадиот Сантијаго Бернабе. Ова за нас претставува голема радост поради тоа што ќе ги донесеме најдобрите тимови и нашите најдобри ѕвезди пред обожаватели кои до сега немале шанса да ги гледаат во живо“

Исто така и челниците на Реал Мадрид беа задоволни со ова партнерство. „Ова е важен ден за нас. Ова стратешко партнерство ќе ни дозволи уште повеќе да ги прошириме нашите вредности на глобално ниво. Нашиот стадион ќе има комплетна трансформација и е еден од храмовите на фудбалот но од сега ќе претставува и архитектонско чудо во Европа и во светот“ изјави легендата на Реал, Емилио Бутрагено

На неодамна реновираниот Сантијаго Бернабе може сега да се повлече фудбалскиот терен и да се „складира“ под стадионот со притискање на копче (нешто како стадионот на Тотенхем). Во складиштето на теренот има вентилација, клима, ЛЕД сијалици, контролни камери, системи за наводнување, и ултравиолетова терапија за одржување на теренот. Трансформацијата можете да ја видите во видеото подолу.