Играше за Италија, го паметите како фудбалер на Рома: Јас сум самодеструктивен зависник од дрога и алкохол
Пабло Даниел Освалдо во текот на играчката кариера ги носеше дресовите на многу големи клубови, меѓу кои и Јувентус, а сега признал дека е во тешка борба со сопствените зависности.
Момчето родено во Ланус, Аргентина, стави крај на професионалната кариера во 2020-та година, во текот на која ги бранеше националните бои, но не на “гаучосите”, туку на Италија.
Освалдо има потекло од Апенините, па се определи за италијанскиот дрес.
Сепак, напаѓачот признава дека овие денови ја води најголемата борба – против зависноста од алкохол и дрога.
„Не ми оди добро, имам потреба да кажам дека некое време се борам со депресијата која ме доведе до некои зависности – алкохол и дрога. Очаен сум. Чувствувам дека животот ми излегува од контрола. Сега сум на психијатриско лекување, земам лекови. Имам специфична болест, губење на самопочитување, депресија и често се враќам на својата зависност. Паѓам во самодеструкција и живеам сам заклучен дома. Не одам никаде, не ме интересира станување од кревет, излегувам од соба само кога морам да јадам. Влегов во многу тешка зависност која само ја влоши мојата депресија“, раскажа Освалдо на својот профил на Инстаграм.