Спорт

Изгуби медал, но доби нешто повредно: Ова е најромантичната сцена на ОИ!

Иако остана без медал, шпанската џудистка Лаура Мартинез го кажа судбоносното „да“.

Имено, тоа се случило по нејзиниот прв настап на Олимписките игри, кога го освои петтото место. Иако го пропушти златниот медал, Лаура доби прстен од својот партнер Хозе Аранда.

Еден од најубавите моменти за шпанската џудистка се случи токму под симболот на Париз – Ајфеловата кула, каде на своето момче, сега вереник, му рече „Да“.

Самата Лаура објави компилација од фотографии на Инстаграм.

„Да, сакам“, напиша Лаура во описот на фотографиите на кои се гледа како изгледа нејзината свршувачка.