Илон Маск го купува англискиот гигант? Неговиот татко го потврди интересот
Американскиот милијардер Илон Маск сака да го купи англискиот фудбалски гигант, тимот на Ливерпул.
Британскиот медиум Weekend Sport ја пренесе приказната за купувањето во јавноста, а „виновни се претходните врски на Илон со Ливерпул“, потврди неговиот татко во програмата TalkSport:
„Не можам да коментирам за тоа, тоа ќе ја зголеми цената“, се пошегувал Маск постариот, но продолжил:
„О, да, тој рече дека сака, но тоа не значи дека ќе го купи“. Вие секако би го сакале, а и јас би го сакал. Сите би сакале! Неговата баба е родена во Ливерпул, тој има роднини таму и имавме среќа да запознаеме голем број од Битлси бидејќи тие пораснаа блиску до нашето семејство. Значи, имаме интересни врски со Ливерпул“, изјави Маск.
Според последните податоци, од самиот почеток на годината богатството на Маск се проценувало на 421,2 милијарди долари, па така сопственикот на мрежата Х е првиот човек на светот чие богатство е повеќе од 300 милијарди фунти.
Вредноста на англискиот клуб се проценува на 4,28 милијарди фунти.