ПопуларноСпорт

Кога родителите жртвуваат се за своите деца: “Mајка ми беше поважна во мојата кариера од сите тренери што сум ги имал”

Кога Џуд Белингам потпиша за Борусија Дортмунд, неговите родители решија да се „поделат“ за да ги издржат своите два сина.


Таткото Марк остана со Џоб сегашниот фудбалер на Сандерленд, а мајката Денис замина со Џуд.

Денис не само што се справува со имиџот на Џуд, туку живее со него, ја следи неговата дисциплина и го придружува на секој натпревар.

„Кралицата“, како што ја нарекуванејзиното семејство, не е тука само поради тоа што е мајка, туку е позната по тоа што е вредна жена која најголемиот дел од својот живот го посветила на полето на човечки ресурси во различни компании.

Сè што прави со синот има смисла. Кога беше прашан за влијанието што го имала мајка му врз неговата кариерата, Џуд Белингам изјави: „Можам да кажам без сомнение дека мајка ми беше поважна во мојата кариера од сите тренери што сум ги имал“.

Белингам и Реал Мадрид се пласираа во финалето на Лигата на шампионите што ќе биде прв настап за Белингам во финалето на најелитното фудбалско натпреварување.