Конор МекГрегор од “коцка” направи 200.000 долари во саботата: „Богатите стануваат побогати“
Ирскиот ММА борец Конор МекГрегор не само што предвиде, туку и вложи многу пари за исходот од главната борба на настанот UFC 307 во Солт Лејк Сити, во саботата навечер.
Тој не го предвиде победникот, но славниот Ирец се обложил дури милион долари дека борбата меѓу Алекс Переира и Калил Раунтри Јуниор ќе биде решена со нокаут.
Переира ја заврши борбата во крвавата четврта рунда по серија брутални и прецизни удари, а Мекгрегор заработи огромни 200.000 долари.
Пред борбата, Мек Грегор напиша на Твитер:
„Брзо, какви се коефициентите за кој било да победи со нокаут овде? Ќе ставам милион долари на тоа“, напиша МекГрегор обраќајќи се на обложувалница.
„Во овој главен настан доаѓа нокаут, како и да е. Милион долари враќаат 200 илјади долари. Ајде да видиме“, најави Ирецот.
Откако го доби облогот, тој ја потврди победата со следниот коментар:
“200 илјади долари, душо! Богатите стануваат побогати! Сè предвидував чекор по чекор! Каков борец, Поатан! Неверојатно!“, додаде Мекгрегор.