ПопуларноСпорт

Која е новата љубов на Здравко Мамиќ? Таа е 27 години помлада од него, му била секретарка, често пиела кафе со неговата тогашна сопруга

Љубовната врска помеѓу поранешниот прв човек на Динамо и младата Херцеговка наводно започнала пред четири години, кога Јелена почнала да работи за Мамиќ како негова секретарка.

Поранешниот челник на Динамо, Здравко Мамиќ (63), веќе со години живее во Босна и Херцеговина, каде што се засолни од хрватското правосудство и затвор. Токму таму ја пронашол и новата љубов – Јелена Планиниќ (36) од Љубушки, со која е во врска веќе некое време.

Како што претходно се пишуваше, Мамиќ во 2020 година основал компанија „Плаво сонце“, која се занимава со соларна енергија. Една година подоцна, основана е компанијата „Мајско сонце“, а нејзина директорка е токму Јелена Планиниќ.

Планиниќ е дел од основачката структура на компанијата со удел од 80.000 конвертибилни марки. Очигледно, името на компанијата е инспирирано од хитот на Здравко Чолиќ „Мајско сонце“, кој има романтично значење за Мамиќ и Планиниќ.

Здравко и Јелена не кријат дека се заедно и веќе подолго време живеат во ист дом. Сепак, ретко се појавуваат заедно во јавност. Повремено споделуваат заеднички моменти на социјалните мрежи. Така, пред две години, Мамиќ откри дека со Јелена ужива на јахта некаде на Јадранот.

Босанско-херцеговските медиуми пишуваа дека парот уредува заеднички стан, а исто така се шпекулираше и дека тајно се венчале. Се зборуваше и дека ќерките на Мамиќ не се воодушевени од неговата нова партнерка, бидејќи таа е речиси на нивна возраст.

Дополнително, се пишуваше дека љубовната врска помеѓу поранешниот прв човек на Динамо и младата Херцеговка започнала пред четири години, кога Јелена почнала да работи за него како секретарка.

Според магазинот Story, пред официјално да започне врска со Мамиќ, Јелена честопати пиела кафе со неговата тогашна сопруга Марина, додека работела како негова секретарка.

Мамиќ, покрај ќерките кои ги има со Марина, од првиот брак со сопругата Нада има и син. Нада го напуштила поради неверство.