Кој сакаш биди, Рој Кин не те чека да си ги наместиш штуцните
Лига на шампиони, пред кузнае колку години (да речеме 21-22), играаат екипите на Манчестер Јунајтед и Интер.
На видеото гледаме легенда до легенда…барем во дресот на Интер, бидејќи во дресот на Манчестер ги фаќаме само Кин и Шмајхел.
Тогашниот капитен на Јунајтед Рој Кин, тргнува да се поздрави со противничките играчи, а меѓу нив се Тарибо Вест, Хавиер Занети, Иван Заморани и на крајот стојат Чоло Симеоне, сегашен тренер на Атлетико Мадрид и Роналдо, како што би рекле многу фанови, оној “вистинскиот”.
Во моментот кога Кин доаѓа при крајот на колоната, Чоло и Роналдо си ги местат штуцните, а Рој Кин ладно си проаѓа покрај, порачувајќи дека нема да ги чека да си ги наместат штуцните.
Погледнете го приложеното видео: