ПопуларноСпорт

МАРИЈА, МАРИЈА … Дали ова е најатрактивната новинарка во светот? Кога фудбалерите ќе застанат пред неа, почнува потење! Погледнете што е причината (ФОТО)

Италијанската водителка Марија Арегини важи за една од најсексапилните водителки, а од неодамна се проби и во фудбалските кругови.

И тоа на голема врата – стана водителка, ни помалку ни повеќе, туку на телевизијата на Реал Мадрид! Под секоја нејзина објава пристигнуваат стотици коментари, а особено омилени ѝ се оние каде што позира во опремата на „кралскиот клуб“.

Како им е на фудбалерите кога разговараат со Марија? Несомнено, не им е лесно.

Марија стана позната како лице кое најавува фудбалски натпревари, а има и сопствено шоу со фокус на спортски разговори, посебно за фудбал и бокс.

Пред неколку години, во своето шоу Mary’s Place, таа угости ѕвезда од малку поинаков свет – светот на музиката. Марија направи интервју со познатиот рапер Вил Ај Ем, основачот на популарната хип-хоп група Black Eyed Peas.

Овој разговор прилично ја забавуваше публиката на социјалните мрежи, но не поради темите што ги обработуваа, туку поради однесувањето на музичарот. Имено, атрактивната Италијанка го стави на маки со својот провокативен стил, мамејќи погледи со неверојатно длабок деколте!

Популарната русокоса интервјуто го водеше во тесен, краток фустан од бел трикотаж, а деколтето беше толку длабоко откопчано што беше невозможно да не ѝ се фрли поглед на раскошниот град. Очигледно, Вил немаше лесна задача додека разговараше со Марија – неговите напори да ја испочитува водителката без да ѝ гледа во деколтето беа повеќе од очигледни, што резултираше со недостаток на концентрација.