ПопуларноСпорт

„МЕ ТЕРАШЕ ДА ЛИЖАМ ПОД, ДА ПИЈАМ УРИНА И ВОДА ОД ВЦ ШКОЛКА …“ – Хорор обвинувања против поранешен француски репрезентативец: „Ме газеше и снимаше додека сето тоа го правев!“

Димитри Паје се најде во центарот на тежок скандал.

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец, Димитри Паје (38), е под лупа на полицијата во Бразил поради сериозни обвинувања кои ги изнесе инфлуенсерката Лариса Ферари.

Паје, кој моментално игра за бразилскиот клуб Васко да Гама, беше во емотивна врска со Лариса седум месеци, иако веќе долго време е во брак и има четири деца со сопругата Лудивин.

Самата врска не би била предмет на полициска истрага, доколку Лариса не открила шокантни детали за наводното злоставување кое го трпела од Паје.

– Ме нападна Димитри Паје, и тоа остави траги на моето тело. Преживеав физичко, морално, психолошко и сексуално насилство. Нашата прва караница беше во декември, по што почна да зборува дека ќе ме казнува. Ме тераше на понижувачки начини да му ја докажувам љубовта – да пијам своја урина, да лижам под, да пијам вода од ВЦ школка. Ме снимаше додека го правев тоа. Ме туркаше, ме газеше и ми упатуваше прикриени закани – изјавила Лариса.

Таа додала:

– Ја искористи мојата емоционална ранливост за да има сексуална контрола врз мене. Јас сум правничка и вакви сериозни обвинувања не би ги изнела без основа.

Димитри Паје сè уште не се огласил по повод обвинувањата, но бразилската полиција веќе има отворено истрага.

Во текот на својата кариера, Паје играше за Нант, Сент Етјен, Лил, Марсеј и Вест Хем, пред да премине во Бразил и да го засили Васко да Гама. За француската репрезентација има одиграно 38 натпревари и постигнато осум голови.