ПопуларноСпорт

Најубавата фудбалерка на светот повторно е сингл: Раскина најпознатата фудбалска двојка (ФОТО)

Алиша Лeман и Даглас Луиз важеа за една од најубавите спортски парови, но според италијанските медиуми тие повеќе не се заедно.

Даглас Луиз и Алиша Леман, ѕвездите на Јувентус наводно раскинале, а овие сомнежи ги потврдува и нивниот последен потег – ги избришаа своите заеднички фотографии од социјалните мрежи.

Веста за разделбата на двојката ја објави “Газета дело Спорт”, наведувајќи дека проблемот е што тие имаат различни погледи за нивната иднина во клубот.

Додека убавата Алиша не сака да ги напушти Торино и Јувентус, Луиз сака крајот на сезоната да си најде друг клуб. Неговиот договор истекува во 2029 година.

„Тутоспорт“ потврди дека фотографиите кои со месеци, па и со години се објавуваа на социјалните мрежи, повеќе не се достапни.

Најубавата фудбалерка на светот повеќе не е зафатена, туку повторно слободна, што ќе израдува милиони мажи, нејзини фанови.

И двајцата дојдоа во Јувентус за да не им настрада врската, сепак се покажа дека решиле да тргнат по својот пат.