Спорт

Никола Јокиќ се појави со најуникатниот аутфит за натпреварот против Лос Анџелес Лејкерс

Двократниот MVP на Денвер Нагетс, одлучи да носи аутфит како “Гру” од познатиот цртан “Despicable Me” кој фамозно сакаше да ја краде месечината!

Аутфитот беше дел од промоцијата за четвртиот дел на филмот “Despicable Me” за која Јокиќ исто така сними реклама.

Јокиќ успеа со неговите 32 поени да им помогне на Денвер Нагетс да дојдат до победа против Леброн Џејмс и Лос Анџелес Лејкерс.

По натпреварот Јокиќ кажа дека е голем фан на Гру и дека го обожава анимираниот филм.