ПопуларноСпорт

Новиот папа е голем љубител на тенисот, но Новак Ѓоковиќ не му е омилен

Новиот поглавар на Римокатоличката црква, Роберт Френсис Превост, кој го избра името Лео XIV, е голем љубител на тенисот.

Тој е првиот Американец на таа позиција, доаѓа од Чикаго, а додека Чикаго Bulls и Bears се „надеваат“ на успех на своите тимови во НБА и НФЛ, исплива неговото интервју во кое откри кој е неговиот омилен спорт.

Иако студирал на Виланова, колеџ познат по својата кошарка, папата Лав XIV истакна дека сака да гледа, па дури и да игра тенис.

Секако, тој има и свој тениски миленик, а тоа не е играчот со најмногу трофеи во историјата, Новак Ѓоковиќ, туку Карлос Алкараз.

“Се сметам за вљубеник во тенисот, играч аматер. Многу ми се допаѓа Карлос Алкараз. Откако го напуштив Перу, имав малку можности да играм, па едвај чекам да се вратам на теренот”, изјави тогаш Превост.