Оваа Србинка беше нападната на фудбалски терен! Турскиот репрезентативец веднаш истрча да ја заштити својата девојка
Турскиот репрезентативец Мерт Мулдур е во врска со убава русокоса со српско потекло, која доживеала голема непријатност од рацете на хулиганите.
На натпреварот меѓу Турција и Грузија, турскиот фудбалер Мерт Мулдур (25) го постигна првиот гол за својата репрезентација. Токму неговото срце го освои русокосата убавица Копрена Анџела, на чиј Инстаграм профил стои дека по потекло е Србинка од Босна.
Анџела на својот профил споделува заеднички слики од разни патувања, но и од Истанбул каде што живее.
Во март годинава оваа двојка доживеа голема непријатност која ја пренесоа сите светски медиуми. Имено, Анџела била нападната од навивачите на ривалскиот тим со корнер знаменце, на мечот меѓу Трабзон и Фенербахче, тимот за кој настапува Мулдур, што прерасна во масовна тепачка, а видеото стана вирално.
Мерт Мулдур трчаше брзо во таа насока за да ја заштити девојката од налудничавите хулигани. Колку беше сè страшно, Анџела подоцна опиша во објава на Инстаграм со зборовите: „Срцето ми застана за момент“, а потоа им се заблагодарила што сите се безбедни и што ситуацијата е решена.