Па добро бе НБА, како ова не се чекори?
Ако земеме да броиме…братот ја тапка еднаш на пола терен, па прави еден, два, три, четири, ПЕТ чекори. Пет чекори, и никому ништо.
Еве ние не разбираме кошарка, па да ги провериме коментарите:
„Најглупава генерација во историјата“, „Само 5 чекори прави, смее 6 во НБА“, „НБА е за*банција“, „Еве зошто НБА се претвори во ѓубре“, „Најслаба и најмека генерација во историјата на НБА“ и едно што ако го преведеме на македонски нема да има логика, па еве ви го на англиски: „This was not a travel, this was a journey“.
Сепак, има и некои во коментарите што тврдат дека ова не се чекори. Вие што викате?