Петочна драма во Италијанска Серија А?
Без разлика дали сте обожавател на фудбал или не, веројатно сте виделе расправа помеѓу играчи за кој да изведува пенал и да постигне гол.
Но во вчерашниот натпревар помеѓу Удинезе и Лече, расправата помеѓу играчите на Удинезе, поточно помеѓу напаѓачот Лоренцо Лука и капитенот на тимот Флориан Тован ги прејде сите граници.

Имено, пеналот беше над Лоренцо Лука, но капитенот Тован, како и остатокот од целиот тим, а и тренерот, одлучија дека токму Тован ке го изведува казнениот удар. Сите освен Лука.

Дури играчите од тимот на Лече се вмешаа во расправата обидувајќи се да им помогнат да одлучат кој ке го изведува пеналот.
На крајот од краиштата, Тован одлучи да попушти и да му дозволи на Лука да го изведе пеналот.
Лука го изведе пеналот, стрелаше, се радуваше за голот сам, а патоа веднаш беше изваден од натпреварот. Погледнете го видеото подолу!
Тренерот кажа дека Лука ги прекршил правилата и морало да биде казнет, но тоа ке го решеле интерно а не пред очите на медиумите.