Спорт

Повеќе ќе заработува со “граџевина” во Германија: Руски клуб на Погба му нуди плата од 1.500 евра

Пол Погба, е суспендиран на четири години поради користење недозволени супстанци. Французинот наскоро ќе наполни 31 година, а долгата суспензија речиси сигурно ќе значи крај на неговата кариера.

Италијанските медиуми пишуваат дека Погба добил понуда од Русија да игра во фудбалската лига на познати личности. Светскиот првак со Франција добил покана од тимот Брок Бојс кој се натпреварува во Медиа фудбалската лига.

Станува збор за проект создаден во 2022 година, а за тимовите играат познати личности, актери, спортисти и пејачи.

Спортскиот директор на проектот Артјом Чатјатурјан изјавил дека контактирал со менаџерот на Погба, Рафаела Пимента. На Французинот му понудил 1.500 евра месечно, но и некои бонуси. Се чека одговорот на францускиот ас.