Спорт

Поранешен голман на Партизан изврши самоубиство

Поранешниот голман на Партизан, Радиша Илиќ, бил пронајден мртов.

Според пишувањата на „Телеграф“, 47-годишниот Илиќ извршил самоубиство така што скокнал од тераса.

Илиќ оставил голем траг во два мандата како голман на Партизан. Бранел од 1998 до 2003 година и од 2010 до 2013 година. Во текот на тој период освоил четири шампионски титули со црно-белите и играл во Лигата на шампионите.

Илиќ одиграл и една натпревар за националната репрезентација, а ќе го паметиме по пенал серијата во квалификациите за Лигата на шампионите 2010 година, кога Партизан го елиминирал Андерлехт и се пласирал во Лигата на шампионите.