ПопуларноСпорт

Поранешен фудбалер на Баерн почина по страшна несреќа на теренот: Добил удар во глава, паднал во кома,а вчера дојдоа страшните вести

Младиот кинески фудбалер Гуо Џијаксуан (18) почина по жестоката борба на лекарите за неговиот живот, откако пред еден месец претрпе силен удар за време на натпревар меѓу младинските селекции на Пекинг и шпанскиот клуб Алкобендас во Мадрид.

Трагедијата се случила кога Џијаксуан добил удар со колено во главата, по што паднал во кома.

Брзо бил прогласен за „мозочно мртов“, а потоа бил префрлен во Кина за понатамошен третман во болницата Тиантан во Пекинг.

И покрај сите напори на лекарите, седум дена по прогласувањето на Џијаксуан за „мозочно мртов“, стигна и веста за неговата смрт.

Оваа трагична вест го погоди и германскиот гигант Баерн Минхен, кој се огласи поради смртта на фудбалерот што имаше можност да го покаже својот талент и на тренинзи со овој тим.

„Баерн тагува поради смртта на поранешниот играч на светскиот тим, Гуо Џијаксуан, кој почина во својата татковина, Кина, на 18-годишна возраст. Почина од последиците на тешка повреда на главата по трагичната несреќа за време на тренинг-натпревар во Шпанија на 6 февруари. Клубот е блиску до неговото семејство и пријатели. Талентите од целиот свет добиваат можност да се покажат во професионалниот фудбал, а Гуо Џијаксуан беше и член на кинеската младинска репрезентација“, стои во соопштението на Баерн Минхен.