Пред две недели фудбалерот објави дека таа е љубовта на неговиот живот, а сега дека се разведуваат! Јвноста шокирана од разделбата на хармоничниот пар
По седум години заеднички живот, познатиот шпански напаѓач Алваро Мората и инфлуенсерката Алис Кампело решија да стават точка на бракот, шокирајќи ја јавноста со заедничката објава за разводот. Тие двајца важеа за еден од најхармоничните парови во светот на познатите, а нивната љубовна приказна беше исполнета со нежност, што само го продлабочи изненадувањето на јавноста од нивната разделба.
Тие се венчаа во Венеција во 2017 година и за време на бракот добија четири деца – три сина и една ќерка. Алис секогаш беше покрај својот сопруг, го придружуваше и го поддржуваше во сите животни предизвици, а нивните романтични гестикулации не изостанаа ниту пред јавноста. Неодамна беа забележани на одмор на Сардинија, каде уживаа во времето заедно со своите деца, изгледајќи заљубено и среќно. Сепак, и покрај надворешниот сјај, парот реши да стави крај на заедничката приказна.
Иако многумина шпекулираа за потенцијална трета страна како причина за разводот, парот јасно стави до знаење дека нема простор за такви шпекулации во нивната врска. Мората истакна дека годините поминати со Алис биле прекрасни, и дека нивните деца се најдоброто нешто што некогаш го направиле заедно. Дополнително, тој истакна дека ова е тешка одлука и дека и двајцата заслужуваат почит и емпатија во овој период.
По објавата на Мората, се огласи и Алис, која му се заблагодари на поранешниот сопруг за сè што направил за неа и ја истакна неговата улога на прекрасен татко и сопруг. Нејзините зборови пренесуваат почит и благодарност, а на Мората му посакува се најдобро во иднина.