Спорт

ПСЖ веќе бара замени за Килиан Мбапе

Ноќеска, Килиан Мбапе изјави дека нема да го продолжува договорот со ПСЖ и дека ке биде слободен играч ова лето.

Челниците на ПСЖ не губат време со наоѓање на замена или замени, што ке ја пополнат дупката оставена од Францускиот напаѓач.

Имено, замените за за Мбапе се бараат во Италија. Како што се кажува, ПСЖ се спремаат директно да ги исплатат клаузулите на Рафаел Леао и Виктор Осимен. Секако дека парите не се проблем за ПСЖ но сепак клаузлите на овие 2 играчи се доста големи. Клаузулата на Леао изнесува 175 милиони евра, додека таа на Осимен изнесува 130 милиони.

Една од другите опции за која што се збори е исто така од италијанско калчо. Станува збор за Лаутаро Мартинез, но спортскиот директор на Интер беше брз да ги негира шпекулациите. “Не сме загрижени, не сме добиле знак од ПСЖ ни од било кој друг клуб.” изјави Бепе Марота.

Кога сме кај Мбапе, тој денес не најави ништо за неговиот следен клуб во говорот што го држеше пред играчите, но изгледа е се поблиску до Реал Мадрид.