Само двајца кошаркари имаат освоено НБА, Евролига и Олимписко злато! Едниот ви е одлично познат
Знаете ли колку кошаркари во историјата освоиле и НБА прстен, и Евролига и Олимписко злато? Точниот одговор е само двајца.
Првиот од нив е Бил Бредли, подоцна и американски сенатор, кој најпрво освоил златен медал на Олимписките игри во Токио во 1964-та, две години подоцна станал европски шампион со Олимпија од Милано, а потоа со Њујорк Никс два пати победувал во НБА финалето.
Второто име им е познато на сите. Станува збор за легендарниот Ману Џинобили, кој во 2001-ва година се искачи на европскиот трон со Киндер од Болоња, на својата Аргентина и донесе злато на Олимписките игри во Атина во 2004-та, а со Сан Антонио Спарс дури четири пати бил НБА шампион.