Се ожени со славна актерка во Охрид: Кој е Турчинот со македонско потекло што го слави половина Грција?
Турскиот кошаркар Џеди Осман одигра натпревар од соништата во вторникот вечерта, постигнувајќи 28 поени во победата на Панатинаикос над Анадолу Ефес и обезбедувајќи место за грчкиот клуб на Фајнал-фор турнирот на Евролигата.
Осман има навистина интересна биографија – роден е во Охрид, татко му е од Турција, а мајка му е од Нови Пазар. Има изјавено дека е симпатизер на Партизан, па дури и дека бил во контакт со клубот околу можен трансфер.
„Мајка ми е од Србија, од Нови Пазар. Од мал знам за Партизан, многупати сум играл против нив. Имам симпатии кон нив. Бевме во контакт минатото лето, но на крајот решив да дојдам во Грција. Најголема улога во таа одлука имаше тренерот Атаман, кого го познавам со години. Близу сум до дома, само еден час летање до Истанбул. Тоа е тоа … но го сакам Партизан,“ изјави Џеди Осман за „Mozzartsport“.
Во текот на својата млада кариера, Осман девет години живеел во Сараево, каде што настапувал за КК Босна.
Пред три години организираше вистинска свадбена гала. Во родниот Охрид се ожени со познатата турска актерка Ебру Шахин. Свадбата беше спектакуларна, а за време на прославата се слушаа познати песни од Македонија и регионот.
Осман помина шест години во Анадолу Ефес, потоа уште шест во НБА лигата со Кливленд, а една сезона го носеше дресот на Сан Антонио Спарс. Летово се пресели во Панатинаикос.

