Спорт

Се посомневал, па направил ДНК анализа: Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Челзи дознал дека децата не се негови

Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид и Челзи останал со скршено срце по откритието дека децата кои го има со својата сопруга Лаури воопшто не се негови.

Поранешниот камерунски фудбалер Жереми се разведува од сопругата Лаури Лотсо откако сфатил дека децата кои ги имаат не се негови. Жереми со Лаури во 2008-ма година добил близнаци и поради децата се венчале четири години подоцна, меѓутоа цело време нешто „го мачело“ славниот фудбалер.

Одлучил да направи ДНК тест и сфатил дека сопругата го лажела, па веднаш после тоа поднел барање за развод. Сега станало познато дека татко на близнаците кои ги добиле во 2008-ма година е поранешниот сопруг на Лаури и се досега Жереми ги воспитувал, верувајќи дека се негови. Според зборовите на неговиот адвокат, ДНК тестот е сосема доволна причина парот да се разведе, а засега не е познато дали Жереми дополнително ќе ја тужи сопругата бидејќи го лажела 16 години.

„Децата не се родени од бракот на Жереми и Лаури. Откритието дека се деца од односот со нејзиниот поранешен партнер ги наруши нивните односи. Тоа го скрши и го шокираше“, пишува британскиот таблоид „The Sun“ за овој настан.

Жереми инаку е поранешен фудбалер на Реал Мадрид и Челзи, а во текот на кариерата играл и за помалку познати клубови во Камерун и Парагвај пред да го облече дресот на турски Генчлербирлиги. Во дресот на Камерун бил стандарден деценија и пол и вкупно одиграл 118 натпревари и постигнал 13 голови.