Спорт

СКАНДАЛ: Обид за местење на натпревар во Србија една недела пред почетокот на новиот формат на Лига Шампиони (АУДИО)

На социјалните мрежи излезе аудио снимка од натпреварот помеѓу Младост ГАТ и РФК НС 1921 во која на полувреме се разговара за потенцијално местење на крајниот резултатот

Во аудио снимката се слуша како од “врвот” било пренесено натпреварот од 0-2 на полувреме на крајот да заврши 2-2. Но капитенот на РФК НС 1921 Зоран Ракиќ цврсто стои на своите ставови и кажува дека натпреварот немало да биде наместен туку дека ке си играле најнормално фудбал, а исто така го подржува тренерот на тимот.

Целиот разговор може да го слушнете во снимката подолу.

На крајот натпреварот остана со истиот резултат од полувреме. Односно заврши 0-2.

Во коментарите бараа Зоран Ракиќ да биде назначен за директорот на фудбалскиот сојуз после неговите силни ставови против местењето на натпреварот. Други сепак спомнаа дека ако капитенот ништо не рекол, остатокот од тимот ќе ги слушале инструкциите од “врвот”