Смутито кое Новак го пие наутро: Полн е со енергија на натпреварите и тренинзите
Најдобриот тенисер на светот не се откажува од здравите навики кои одамна ги усвоил.
Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, а откако влезе во светот на спортот стана популарен ширум планетата, а јавноста е заинтересирана за секој сегмент од неговиот живот.
И тој и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ многу внимаваат за нивната исхрана, а познато е дека не консумираат намирници кои содржат глутен.
Освен тоа, тие не отстапуваат од некои правила и навики, а една од нив е и напитокот којшто Новак го пие после станување од кревет.
Овој напиток му е „верен“ речиси деценија, кога ги открил состојките кои се наоѓаат во него. И вие може да го направите во вашите кујни, пишува „Unfold Today“.
Содржина:
- 2 зрели банани;
- 4 лажици чиа семе;
- 1 лажица ленено семе;
- 250 милилитри вода;
- 200 милилитри кокосово млеко (може и бадемово);
- 1 лажица протеински прав;
- 2,5 лажици какао;
- половина лажица цимет.
Како да го направите?
Подготовка:
Во суштина количината на овие намирници секој би требало да ја одреди во зависност од тоа колку голем блендер поседува.
Излупете ги бананите, преполовете ги и ставете ги во блендер. Потоа ставете го кокосовото млеко и водата, па и останатите состојки.
Блендирајте додека не ја добиете компактната смеса која најдобриот тенисер на светот ја пие со години секое утро.