Спорт

Стеф Кари видно фрустриран! Дали е ова крајот на династијата на Голден Стејт Вориорс

Дали конечно дојде крајот на партнерството помеѓу Стеф Кари и Дрејмонд Грин?

Голден Стејт Вориорс го пофалија моќниот Дрејмонд Грин откако се врати во јануари од неговата неодредена суспензија, аплаудирајќи му што остана жесток без повторно да се најде во неволја. Тој сè уште им префрла на судиите, сè уште е физикален на теренот, но тоа го прави без да претера, според тренерите на Голден Стејт.

Еден куп пофалби за во синоќешниот натпревар против Орландо Грин да добие две технички за неполни 4 минути и да биде исфрлен во првата четвртина од натпреварот:

https://twitter.com/Sportsville_/status/1773134935122985030?s=20

Како што се гледа во видеото, соиграчите на Грин, меѓу кои е и Стеф Кари доаѓаат со цел да го смират ама се беше џабе. Дрејмонд едноставно незнаeше да престане па мораше да оди на туширање порано од неговиот тим.

Додека Грин излегуваше од теренот и се враќаше во соблекувалната, тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, им дофрлаше на судиите за нивното судење.

Сепак, во тој момент најмногу се истакна Кари. Додека се случуваше тајмаутот, Кари чекореше напред-назад, отворено ја тресеше главата одново и одново. А потоа, го повлече дресот преку лицето, очигледно емотивен поради инцидентот.