Спорт

Стигнаа коефициентите за Џејк Пол против Мајк Тајсон!

Неодамна беше објавено дека екс шампионот во тешка категорија Мајк Тајсон ќе се бори со младиот јутјубер Џејк Пол и покрај тоа што 30 години постар

Пред борбата, откриени се коефициенти според неколку кладилници.

Во Велика Британија според BonusCodesBets, поранешниот светски шампион во тешка категорија Тајсон е фаворит со 1.50

Во меѓувреме, јутјуберот кој стана боксер Пол ќе влезе како аутсајдер со коефициент од 3

За борбата да заврши нерешено, коефициентот е 11.

Додека во САД, според DraftKings Џејк Пол е фаворит со коефициент од 1.27

Што значи мајк тајсон е аусајдер со 4 коефициент

Познат боксер во тешка категорија, Дерек Чисора, тврди дека ги дознал правилата по кои ќе се води борбата. Исто така кажа дека нема да ја гледа борбата

„Можам со сигурност да ви кажам дека ќе користат ракавици од 18 унци и шлемови ако не грешам. Ние всушност ќе треба да гледаме спаринг. Каква заебанција. Дали мислите ќе платам да го гледам тоа?“

Додека Пол пред борбата, на Х рече: „Промоција, промоција, промоција, ако сум искрен, не ни треба толку промоција. Најголемата борба, во најголемиот НФЛ стадион на најголемата платформа за стриминг во светот … тоа е MVP начин.

„Без разлика дали се вклучувате на Нетфликс или се појавувате лично, дали сте со тимот Пол или со тимот Тајсон, или дали сте доживотен обожавател на бокс или ја гледате вашата прва борба, нема да сакате да го пропуштите овој настан“.

Во меѓувреме, изјавата на Тајсон беше кратка и јасна, тој изјави: „Го потпишавме договорот“.

Борбата ќе се одвива во Тексас на 20 Јули во АТ&T Stadium, којшто има капацитет од 80.000