Спорт

Судијка од Ла Лига заврши во носилка, облиена во крв

Гвадалупе Порас која е помошник судија во Ла Лига имаше судар со една од камерите на натпреварот Реал Бетис – Атлетик Билбао по што мораше со носилка да биде извадена од терен

Судијката се враќаше на својата позиција поради тоа што мораше да го потврди голот на Чими Авила откако играта беше прекината.

Првично на никого не му беше јасно што се случило. Медицинскиот тим на Бетис веднаш отидоа да и помогнат на Порас по што беше ставена на носилка и пренесена во амбуланта.

По инцидентот се заклучи дека една од 4K камерите кој се користат да ги зумираат играчите дур слават гол имал колизија со Порас поради што морал да ја замени четвртиот судија.

Натпреварот продолжи откако Бенито Виламарин ја замени Порас и ја испрати со аплауз откако се виде подобрување кај судијката.

Екс судија на Ла Лига, Едуардо Гонзалез по натпреварот се обрати на претседателот на лигата, Хавиер Тебас “Порака до Хавиер Тебас, камерите на натпреварите одат кај што не им е дозволено! Ве молам да ги оставите арбитрите да работат. Помошниците на судијата се исто толку професионалци колку што се и самите играчи”