Тиери Анри поради преубавата Србинка ги напуштил сопругата и двегодишната ќерка
Легендарниот фудбалер Тиери Анри со години е во хармонична врска со убавата Србинка од Сараево. Заедно имаат три деца (спортистот има уште едно од претходниот брак), живеат хармонично и мирно и посветено на семејството, но нивната љубовна приказна не престанува да ја интригира балканската јавност – затоа што не се случува често девојка од балканската топ-листа да стане дел од светскиот џет-сет – и тоа со бракот со една од најголемите спортски легенди.
Кога Роџер и Мирка Федерер се појавиле на роденденот на згодната Србинка, како што пишувале тамошните медиуми, во Србија повторно се јавил интерес за животот и делото на 39-годишната Андреа Рајачиќ. Која е таа, од каде потекнува, како се запознала со Тиери Анри? Сето тоа се прашања поставени од читателите – некои на српските портали, некои на социјалните мрежи.
Гламурозен живот, заводлив поглед, необична приказна, познат татко и уште попознат сопруг. Една од најпознатите жени на фудбалери. Повеќе од доволна причина да навлеземе во непознатите детали од животот на заносната економистка, чиј живот целосно бил променет по едно патување во Барселона.
Се запознале во Шпанија
Андреа Рајачиќ и Тиери Анри се сретнаа во Шпанија. Сестрата на Андреа живеела во главниот град на Каталонија, Тиери играл во Барса. Кратко познанство и брзо стапување во врската. Така можеме да го опишеме она што следело.
Американските медиуми ја нарекувале модел, што не ѝ се допаднало. Тие неуспешно се обидувале да ја скријат врската, но претставниците на седмата сила брзо ги разоткриле и почнале нашироко, нескромно и – сензационално да прават наслови за нив. Андреа ја обвинувале и за разводот на славниот фудбалер и британската манекенка Клер Мери, со која ја добил ќерката Теа. Меѓутоа, Србинката набрзина демантирала сè и барала приватност.

Се шпекулирало дека Анри ќе се разведе
Во меѓувреме за тоа проговорил и Анри. „Откако се преселивме од Англија, многу работи во мојот живот тргнаа поинаку. Сè се смени. За жал, и мојата сопруга. Ова е многу тажно за мене и Мери, но човек мора да го препознае моментот кога треба да продолжи понатаму во својот живот“, изјавил тој по разводот.
Што се однесува до Србинката, која е по потекло од Сараево, таа секогаш се труди да биде во сенка на популарноста на нејзиниот сопруг, а на медиумите да не им дава премногу причини да пишуваат за неа. Ваквиот став го имала на почетокот на романсата, а го задржала до ден денес.
„Јас сум личност која многу држи до приватноста и не би сакала да давам никакви изјави. Знаете како е со луѓето како Тиери и под каков притисок се како познати личности. Двајцата сме согласни да не откриваме детали за нашата врска. Вистината е дека заедно сме околу една година и дека се запознавме во Шпанија. Никогаш не сум се занимавала со моделство, иако тоа се шири во медиумите, туку во Америка завршив менаџмент. Повеќе од тоа, особено сега, не би сакала да откривам. Можеби по некое време ќе го променам мислењето, но засега е така“, изјавила Рајачиќ пред повеќе од деценија и пол.
Денес ги гледаме на разни јавни и спортски настани, се восхитуваме на брачната хармонија, среќата на нивните лица и изглед, но од Андреа слушаме само – тишина! И токму затоа успева да интригира повеќе од една деценија – и медиумите и светската јавност.

Татко познат хирург, мајка професорка по руски
Инаку, нејзиниот татко Небојша Рајачиќ е пластичен хирург, кој во последните 20 години води клиника за лекување изгореници и пластични операции во Кувајт, додека нејзината мајка Татјана е професорка по руски јазик. Бидејќи и самите се многу образовани, ќерките на Андреа и Јована ги испратиле да студираат во Соединетите Американски Држави. По студиите, Јована заминала во Барселона, каде Андреа ја пронашла љубовта на својот живот.
Фудбалерот и српската убавица повремено го посетуваат родното Сараево, а често одат и во Јахорина, каде семејството Рајачиќ има викендичка. Инаку, Анри и Андреа имаат три деца – Тристан, Габриела и Татјана.