Спорт

“Тој е генијалец кој некако се погоди да игра кошарка” – Ерон Гордон со пофални зборови за Никола Јокиќ

Во третиот натпревар кој на Денвер Нагетс го победи Лос Анџелес Лејкерс, Ерон Гордон, пријателот и соиграч на Никола Јокиќ заврши со 29 поени 15 скока и 3 асистенции но во прес конференцијата по натпреварот, тој одвои време за да го пофали Никола Јокиќ кој според него е генијалец.

Јокиќ вчерашниот натпревар го заврши 24 поени, 15 скока и 9 асистенции а кога Гордон беше прашан за играта на Јокиќ и дали стекнал поштување за по спора, по калкулирана игра, тој кажа: “Го прави натпреварот многу полесен, Јокиќ е генијалец кој се погоди некако да игра кошарка”

“Ја прави играта многу лесно, и кога гледаш така на кошарката, таа почнува да се ‘отклучува’ и почнуваш да разбираш што ќе се случи 2,3 чекори пред да се случи и порати тоа станува многу лесно за играње”

Денвер Нагетс речиси веќе ги поминаа Лос Анџелес Лејкерс откако се стекнаа со водство од 3-0 во вчерашниот натпревар кој го победија со резултат од 112-105.

Ова е единаесетта победа по ред на Денвер Нагетс над Лос Анџелес Лејкерс