(ФОТО) Атрактивната Рената шокира каде и да се појави! Мајка е на хрватски фудбалер, а илјадници мажи воздивнуваат по неа! Верувале или не – ОВА го става на лицето!
Талентираниот хрватски голман Борна Буљан (19) го напушти Хајдук и потпиша договор со ФК Браво од Љубљана.
Младиот сплиќанец се одлучи на овој чекор бидејќи не доби шанса кај тренерот Џенаро Гатузо.
Но, Борна има уште еден „проблем“ – каде и да се појави, останува во сенка на својата мајка. Истото се случи и во Љубљана. Клубот се потруди да го претстави талентираниот голман, но медиумите веднаш го насочија вниманието кон Рената Ловринчевиќ Буљан.

Атрактивната 48-годишна жена активно се занимава со фитнес, па не е чудно што предизвикува огромно внимание.
Најзгодната сплиќанка?
Медиумите пишуваат восхитени од нејзиниот изглед и ја нарекуваат една од најзгодните жени од Сплит.
„Поранешната кралица на убавината важи за една од најатрактивните сплиќанки. Не се срами да го покаже своето тело на социјалните мрежи. Каде и да се појави, привлекува многу погледи. Горда е на успесите на својот син, кои редовно ги споделува“, пишува Ekipa.

Атрактивната Рената е многу популарна на социјалните мрежи и на Instagram ја следат 158 илјади луѓе. Во минатото била Мис Универзум.
Третман за подмладување – со необичен состав
Рената неодамна се најде во центарот на вниманието кога зборуваше за третман за подмладување на лицето – со сперма од лосос!
Таа откри дека воопшто не знаела што точно содржи третманот.
„Не знаев дека така се вика третманот. Но, како и да е, навистина сум задоволна од резултатите. Лицето ми е значително посвежо и подмладено, а порите со тек на време се затворија. Тоа го забележуваат и моите клиенти, па често го препорачувам. Поради многуте обврски, немам многу време да истражувам за вакви работи, но редовно ја негувам кожата повеќе од 20 години“, изјави Рената за порталот 24sata.hr.









