ПопуларноСпорт

(ФОТО) Легендарниот Луис Суарез спасил човек од самоубиство

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Барселона и други големи европски клубови, а сегашен член на Интер Мајами, Луис Суарез се најде во ситуација да мора да спаси човек од сигурна смрт.

Имено, за врене на одморот во Уругвај, Суарез слушнал вистинска драма како се одвива во неговата релативна близина, бидејќи непознат маж со јаже околу вратот се качил на дрво и се заканил дека ќе се обеси од него и ќе си го одземе животот.

Суарез веднаш излегол на местото на настанот, а според она што го пренесоа уругвајските медиуми, човекот седел на дрвото цели 20 часа.

Легендарниот фудбалер повикал член на организацијата „Студии за социјална психологија“ на местото на настанот, а тој и неговата сопруга се обиделе да разговараат со мажот. И покрај сите напори да се убеди 51-годишниот маж да се симне од дрвото, Суарез и неговата сопруга не успеале.

Сепак, овој настан не заврши трагично. По подолги разговори со Републиканската гарда, мажот се симнал од дрвото, по што му била укажана прва помош и бил пренесен во единицата на МВР за да се утврдат следните чекори.