(ФОТО) Наталија ги шармира мажите со лицето, но кога ќе и го видат телото остануваат без зборови: Вежба од 14 години и сите се шокирани од тоа како изгледа
Наталија е позната бодибилдерка и тренинзите се нешто што е составен дел од нејзиното секојдневие.
Русинката Наталија Кузњецова ги шокира сите на социјалните мрежи со својот изглед. И, додека сите коментираат дека лицето и телото не можат да се „спојат“, многумина и аплаудираат за нејзиниот труд и напорна работа.
Имено, Наталија е позната бодибилдерка, почнала да тренира на 14 години и тренинзите се нешто што е составен дел од нејзиното секојдневие. Додека половина ден го поминува во теретана градејќи мускули со неверојатна големина, од друга страна, Наталија обожава уреден маникир, силна шминка, убави фризури и модни трендови.
Нејзините развиени мускули на грбот, рацете и градите, доаѓаат до израз со нејзиниот тенок струк, исто така извајан со мускули. Таа се гордее со своите големи бутови, а не и пречи да ги покажува во мини здолниште, тесен фустан или штикли.
Наталија е добитничка на бројни награди, а може и да се пофали дека некогаш позирала за моден магазин.
Коментарите се полни со поддршка за оваа бодибилдерка, а најмногу и аплаудираат се мажите.