Спорт

(ФОТО) Поранешната сопруга на Скоти Пипен е во врска со 19 години помлад кошаркар: Разменуваа страсти во гаража

Ларса Пипен, ѕвезда на реалното шоу „Real Housewives of Miami“, ја потврди својата нова романса со кошаркарот Џеф Коби.

Педесетгодишната Ларса е фатена од папараците додека разменува нежности со 31-годишниот спортист во една гаража во Мајами.

Фотографиите ги прикажуваат двајцата во страстен момент – додека се прегрнуваат и бакнуваат, не обрнувајќи внимание на минувачите и околината.

Кога станува збор за облеката, Ларса носела сив спортски градник, црни тренерки и патики „Nike Air Max“, додека Џеф бил во сива дукс маица со качулка, црни тренерки и спортски обувки.

Според странските медиуми, парот наводно е заедно од почетокот на оваа година, но ја кријат врската дури и од блиски пријатели.

Како што објави TMZ, се запознале на прослава по повод десетгодишнината на теретаната „DBC Fitness“, сопственост на личниот тренер на славните, Дејвид Александар. Тој бил и човекот кој ги споил – а хемијата, како што се вели, била моментална.

Да потсетиме, Ларса беше во бурна врска со Маркус Џордан од 2022 до 2024 година, со неколку прекини. Финалното разделување се случи откако сфатила дека Маркус сепак „не е нејзин тип“, особено по периодот кога биле раздвоени за време на снимањето на нејзиното шоу.

Инаку, Ларса Пипен претходно беше во брак со легендарниот НБА играч Скотие Пипен, со кого има четири деца.