(ФОТО) Разоткриени! Тука почна распадот на бракот на Ана и Швајни! Ништо не криеја – особено водителката!
Светските медиуми сè уште вреват за распадот на бракот помеѓу Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, а од момент во момент излегуваат нови, шокантни детали што откриваат како дошло до крајот. Швајни и ТВ водителката Естер Седлачек воопшто не се криеле, што го потврдуваат и фотографиите од нивниот заеднички престој на планина, кои самите ги објавувале – и Естер и поранешниот фудбалер.
Тогаш, Ана Ивановиќ се наоѓала на сосема друга локација – во потопли краишта, што јасно се гледа од нејзините објави на Instagram и X профилот.

Бастијан Швајнштајгер и Седлачек објавувале фотографии со слични описи, вклучително и емотикон од планина, и тоа во многу краток временски интервал.

Во тој момент – месец февруари – никој не обрнал посебно внимание, но денес, по официјалните информации за разводот на Ана и Бастијан, овие фотографии кои ги пренесуваат и странски медиуми, делуваат како јасна најава за почетокот на крајот на нивниот брак.

Да потсетиме, последниве недели, и во Србија и во Германија, интензивно се пишува за наводната разделба на поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ (37) и екс-германскиот репрезентативец Бастијан Швајнштајгер (40).

Според пишувањата, по повеќе од десет години љубов, тие се разделиле и ставиле крај на бракот во кој имаат три синови. Инаку, Ана неодамна објави фотографии како безгрижно игра тенис, оставајќи впечаток дека не ѝ тежат приватните проблеми во кои се најде.

