Спорт

Шекил О Нил во невоља! Долгогодишен соработник поднел тужба!

Легендата на Лос Анџелес Лејкерс и неговата продукциска куќа “Jersey Legends Collection” се наоѓаат пред тужба од Дони Вилсон, долгогодишен соработник на О Нил.

Тужбата е поднесена во Лос Анџелес која што го обвинува Шек, ко-основачот Мајкл Перис, и самата компанија за прекршување на договор и повеќе кратно кршење на кодот на работа. Се поради усмен договор кој наводно бил правно обврзувачки.

Во изјава од адвокатот на тужилацот, исто така се спомна колективната тужба на FTX, една од најголемите крипто берзи, во која исто така се најде О Нил.

“Шекил О Нил дефитивно дава чувство како да ти е најдобар пријател, голем весел тип. Се додека не ви должи пари” – Изјави Рон Замбрано, адвокатот на Вилсон

“Се криеше од адвокати со месеци кога пробуваа да му дадат покана за тужбата на банкротираниот FTX и неговото одобрување на компанијата. Всушност, тоа што му го прави сега на Господин Вилсон е истото. Се крие од своите финансиски долгови. Едноставно е многу срамно за човек со неговиот статус”

Како што кажавме, ко-основачот Мајкл Перис е исто дел од тужбата. Наводно, Перис усмено му ветил на Вилсон дека ке добива 18% интерес од компанијата. Во тужбата Вилсон тврди дека “Jersey Legends Collection” никогаш не го платиле за неговите услуги.

“Во текот на спроведување на овие работи, Вилсон работел со О Нил. Перис кажал дека О Нил знаел дека Вилсон нема да биде платен, а и нема да биде препознаван како ко-основач на компанијата Jersey Legends”

Тужбата гласи: “Според Перис, О Нил знаел дека Вилсон ке стане ко-основач и ке биде згрижен на крајот од краиштатаа.” но за жал, тоа не било случајот.