ПопуларноСпорт

Ја претепал својата девојка со чекан до смрт! Италијанскиот фудбалер поради страшното злосторство ќе умре во затвор

Џовани Падовани, италијански фудбалер и модел, е осуден на доживотна казна затвор поради убиството на својата поранешна девојка Алесандра Матеучи.

Откако раскинале, Падовани постојано ја контактирал поранешната партнерка со пораки и повици, па таа го пријавила во поливинја поради вознемирување. Неколку дена подоцна, откако бил исфрлен од тренинг, 28-годишниот фудблаер отпативал во Болоња и ја чекал Алесандра пред нејзината куќа.

Наводно, таа разговарала на телефон со својата сестра Стефанија, која ги слушнала нејзините крици додека Падовани брутално ја нападнал. Прво со чекан и тупаници, потоа со бејзбол палка, за на крајот да ја искористи клупата која ја земал од градината во близина на нејзиниот стан. После тоа, се обидел да и го запали возилото, но набрзо пристигнала полицијата и итната помош.

По нелиот настан се огласила и нејзината сестра која за една локална телевизија открила детали од тој инцидент.

„Зборувавме на телефон, таа излегуваше од автомобилот и почна да вриска. Не ми беше јасно што се случуваше во тој момент, не помислив дека тој би можел да дојде. Неколку ка прашав што се случува, а потоа слушнав – “Не, Џовани, те молам немој. Помош”…Веднаш повикав полиција, која пристигна за неколку минути, но за жал немаше помош за сестра ми.“, изјавила Стефанија.

Соседите рекле дека парот често се расправал, дека тој неколку пати сака да и провали во домот преку терасата. Велат дека се плашела од него, па од таа причина раскинала со него.

Падовани во текот на судењето тврдел дека во текот на нападите не бил во нормална ментална состојба и дека се чувствувал како во кошмар. Покрај доживотната казна, наложено му е да исплати парична отштета на семејството Матеучи.

Поранешниот фудбалер играл на позицијата крило за Санкаталдезе, клуб од италијанската Серија Д.