34 милиони прегледи: Знаете ли како балерините проверуваат дали струкот им е доволно тенок?
Вирално видео на кое се гледаат балерини во балетско училиште како проверуваат дали струкот им е доволно тенок, се шири на социјалните мрежи.
„Стандард на струкот на балерина“, е насловено видеото, кое е прегледано 34 милиони пати, на кое се гледаат балерините како шетаат низ тесен премин помеѓу две шипки за вежбање.
Балерините треба да се придржуваат до стандардите кои ја одредуваат нивната идеална тежина, висина и обем на струкот. Според австралиското списание “Dance Magazine”, просечната висина на балерина е 167 сантиметри, но на некои места во Европа е потребна максимална висина од 165 сантиметри, додека за други е потребна висина до 175 сантиметри.
Половината од 30 сантиметри
Нивната идеална тежина би требало да биде помеѓу 40 и 58 килограми, а што се однесува до струкот, еден од најистакнатите примери е поранешната мексиканска балерина Рут Лујан, со обем на половината од 30 сантиметри.